29.11.11 @ 23:03
Прегледи: 5223
Тартиф
Со величенствен стил и поетска имагинација Молиер во Тартиф ја предал сликата на едно буржоаско семејство, пред се карактерот на еден општествен тип кој во тоа време имал големо политичко знаење.Дали да се биде верен слуга на нормите и правилата што општеството ни ги поставува или да си креираме свои макар тоа би значело јавно
понижување и расипаност?
Лицемерието, како една од најголемите етички маскаради на човекот е добро позната и "плодна" тема, од која се црпи инспирација и се надополнува естетската страна на човековата слабост. Еден од најеклатантните примери на ваква драматургија, која остава неизбришлив траг во историјата на сценската уметност, е бездруго Молиеровиот "Тартиф". Овој лик е интересен бидејќи постоел, постои и ќе постои се додека човековата несовршена природа е присутна во Светот. Оттаму е сценското "сликање" на Тартиф како мотив да се "ѕирне" во човечката несовршеност.
Самиот Тартиф останува нејасен до крајот. Неможеме да најдеме одговор на прашањето дали е тој вистински свештеник, језуит, лаик во калуѓерск облека, агент на тајната полиција или некој скитник- измамник. Сепак е јасно дека тој не потекнува од високите кругови на општеството па и затоа можеби се впуштил во ваков подвиг, изфрустриран од своето постоење на маргините на општеството и својата сопствена беда. Притоа тој решил да заигра на црното, единствената боја на својата епоха.
Тартиф си ја ставил набожната маска само да може на лесен начин да дојде до богатството, а во Оргон го нашол токму она лице што му овозможи да ја постигне својата цел. Тој успеал толку да го заслепи Оргон што овој не само му ја отвара ширум вратата од својата кука туку му ја дава за жена својата ќерка и му го препишува цел свој имот. Дури тогаш кога е скриен под масата самиот ја гледа моралната нискост на Тартиф, кој сака да ја заведе неговата жена.
Но Молиер ниту мислел да даде слика на лицемерството воопшто. Тој всушност сакал да го стави својот прст на општествената рана што се јавувала во тој период, а која оличена во оној тип набожник кој, имал задача да ги води луѓето во недрата на црквата. Во најголем број случаи овие раководители ги злоупотребувале своите функции за трупање пари од верниците. Токму затоа Тартиф се претставува како сатира на лажната набожност, сатира на самата религија.
Молиер ја создал реалистичната комедија која кипи од веселост и животна радост и здрав и народен хумор. Комедиите на Молиер ги носат најнапредните идеи на неговата епоха. Затоа се запишал во историјата до Корнеј, Расин и Лафонтен.
Превземено од идивиди.
